Ahmet Gürhan Kartal
09 Февруари 2020•Ажурирај: 10 Февруари 2020
ДАБЛИН (АА) - Трите водечки партии во Ирска, според излезните анкети, се во мртва трка на изборите што се одржаа вчера во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Анкетите покажуваат дека партијата на премиерот Лео Варадкар, Фајн Гаел, освоила 22,4 отсто од гласовите, а ривалските партии Син Феин и Фиана Фаил се веднаш зад неа со освоени 22,3 отсто, односно 22,2 отсто од гласовите.
Ирска се соочува со криза во секторот за домување, а бројот на бездомници достигна 10.000.
Здравствената заштита исто така се соочува со сериозни предизвици, бидејќи итните случаи чекаат и до 17 часа во болниците за да бидат прегледани.
Зелените и Лабористичката партија освоија 7,9, односно 4,6 отсто од гласовите.
Излезната анкета на „Ипсос МРБИ“ (Ipsos MRBI) за РТЕ (RTE), „Ајриш тајмс“ (The Irish Times), ТГ4 (TG4) и УЦД (UCD), покажува дека сите три партии освоиле 22 отсто од гласовите.
Трите најголеми партии може да имаат пониска поддршка од 20,7 отсто или повисока поддршка од 23,3 отсто како резултат на маргина на грешка.