Said İbicioğlu
11 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - Од почетокот на акцијата за ослободување на Мосул од терористите на ДЕАШ, бројот на бегалците од овој град се зголеми на 173 илјади лица, јавува Anadolu Agency.
Портпаролот на ирачкото Министерство за миграции и мигранти, Сетар Невруз, изјави дека службениците на министерството денес дочекале 2.300 лица побегнати од Мосул. Тој изјави дека со денешниот ден, бројот на раселените од Мосул се зголемил на 173.584.
Според неговата изјава, раселеното население од Мосул се засолнува во бегалските кампови на подрачјето на Киркук, Салахудин, Нинива, Ербил и Дохук.
„Состојбата е дополнително отежната поради сè поголемиот прилив на бегалци и поради бавното враќање во местата што се веќе ослободени од ДЕАШ“, изјави претседателот на Комисијата за миграции при ирачкиот Парламент и член на Високиот комитет за помош на бегалците, Раад eд-Дехлеки.
Дехлеки исто така ја истакна загриженоста поради можното значително зголемување на бројот на бегалците кога безбедносните сили на Ирак ќе се приближуваат кон јужниот дел на Мосул.
Во претходните изјави Дехлеки рече дека бројот на бегалците од Мосул изнесува 145 илјади.