Büşra Selvi Öğütcen
07 Јули 2017•Ажурирај: 08 Јули 2017
АКАПУЛКО (АА) - Најмалку 28 затвореници загинаа во бунтот што избувна во еден затвор во мексиканскиот град Акапулко, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Роберто Алварез Хередиа, потврди дека дошло до пресметка меѓу две банди.
Безбедносните сили го ставија бунтот под контрола и пребаруваат различни делови од затворот. Досега се пронајени телата на 28 лица.
Алварез истакна дека во бунтот се повредени три лица. Полицијата тврди дека во затворот се сместени повеќе од 2.000 луѓе.
Поради несогласувања, многу често доаѓа до крвави судири меѓу наркокартелите во Мексико. Во затворите, каде што има многу повеќе затвореници од предвиденото, често доаѓа до бунтови и напади.