Ekipa
18 Ноември 2019•Ажурирај: 18 Ноември 2019
ВАГАДУГУ (АА) - Началникот на Генералштабот на Буркина Фасо ја предупреди Франција дека ќе биде пукано во француските авиони што летаат во нивниот воздушен простор без известување на Владата и дека тоа ќе биде сметано како непријателски напад, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Началникот на Генералштабот, Моисе Минингоу, истакнувајќи дека Франција извршила неовластени летови во воздушниот простор на Буркина Фасо, рече дека авионите или беспилотните летала што без дозвола ќе бидат идентификувани во нивниот воздушен простор, ќе бидат третирани „како непријателски“ и ќе биде пукано врз нив.
Тој, посочувајќи дека на единиците за безбедност им се дадени потребните упатства, рече дека и Француската амбасада е информирана за тоа.
Оваа изјава на началникот на Генералштабот, Минингоу, привлече внимание затоа што е дадена во пресрет на обвиненијата дека Франција им дава информации на терористичките организации во земјата.
Буркина Фасо од 2015 година се наоѓа под закана од терористички групи. Како резултат на терористичките напади, во последните 4 години загинаа повеќе од 600 луѓе.