Bahattin Gönültaş
31 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
БЕРЛИН
Фармацевтските компании „Фајзер“ и „БајоНтек“ соопштија дека нивната вакцина против коронавирусот е 100 отсто ефикасна во превенција на вирусот кај децата на возраст од 12 до 15 години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Наведоа дека вакцината покажала силен одговор на антителата во истражувањата спроведени во три фази на 2.260 млади луѓе во Соединетите Американски Држави (САД).
Директорот и коосновач на германската биотехнолошка компанија „БајоНтек“, проф. д-р Угур Шахин, изјави дека резултатите кои покажуваат висока заштита кај младите луѓе се многу охрабрувачки, со оглед на тоа дека во текот на последните недели се бележи тренд на ширење од британската варијанта на коронавирусот B.1.1.7.
Претседателот на „Фајзер“, Алберт Боурла, изјави дека во наредните недели планираат да добијат одобрување за итна употреба од американската Управа за храна и лекови (FDA) за пласирање на вакцината кај младите. Тој изрази надеж дека вакцинацијата ќе започне пред почетокот на учебната година.