Şenhan Bolelli
20 Март 2017•Ажурирај: 20 Март 2017
ВАЛЕНСИЈА (АА) - Повеќедневниот фестивал „Лас Фалас“, кој во Валенсија, Шпанија, се одржува од 18-тиот век, беше затворен со палење на големата дрвена кукла, јавува Anadolu Agency (AA).
Фестивалот во 2016 година е вклучен во листата на УНЕСКО за културно наследство.
Резбарите и уметниците една година работеа напорно на изработката на куклите наречени „Ла Фала“, кои беа изложени во текот на една недела, на 30 места низ Валенсија.
Оваа година, обележје на фестивалот беше кукла висока 41 метар и тешка 3,8 тони, наречена „Валенсија, Ка ла Трава“, која беше изработена од група резбари, предводени од Maноло Гарсија.
Куклата беше запалена еден час по полноќ.
Особено, вниманието на посетителите го привлекоа куклите што го симболизираа американскиот претседател Доналд Трамп како гради ѕид и германската канцеларка Ангела Меркел претставена како шефица на рецепцијата во хотел „Европа“.
Поради овој фестивал, во Валенсија имаше речиси еден милион туристи, а за време на многуте манифестации беа потрошени осум тони барут.
За отстранувањето на неколкуте тони пепел што остана по палењето на куклите, работеа повеќе од илјада луѓе.