Ekipa
20 Јуни 2019•Ажурирај: 21 Јуни 2019
ЛОНДОН (АA) - Поранешниот британски секретар за надворешни работи, Борис Џонсон, уште еднаш е на првото место во трката за лидер на Конзервативната партија, откако ги победи останатите тројца кандидати, јавува Anadolu Agency (AA).
Џонсон ја доби поддршката од 157 пратеници на Конзервативната партија, обезбедувајќи го водечкото место во петтото гласање.
Секретарот за надворешни работи, Џереми Хант, доби 59 гласа, секретарот за животна средина, Мајкл Гоув, доби 61 глас, додека секретарот за државна безбедност, Саџид Џавид, доби 34 гласа.
Џавид излегува од трката откако доби најмалку гласови од своите ривали.
Џонсон ќе се соочи со Гоув и Хант на гласањето в четврток, а резултатите од тоа гласање ќе бидат објавени во вечерните часови.
Поранешниот министер за надворешни работи континуирано добива поголемо водство, добивајќи повеќе гласови во секој нареден круг. Бројот на пратениците Ториевци кои гласаа за Џонсон се за 14 отсто повеќе отколку во претходниот круг на гласање, што претставува голем пораст во споредба со минималниот раст на поддршката за другите кандидати.
Доколку Џонсон успее да го задржи ова значајно водство, повеќе од сигурно е дека ќе стигне до последниот круг на лидерската трка, и ако успее во тоа, како што е изгледно, ќе стане идниот премиер на Велика Британија.
Сите 313 пратеници од Конзервативната партија гласаа преку тајно гласање во Долниот дом, а две гласачки ливчиња беа пријавени како неважечки.
Во последниот круг од гласањето, членството на партијата ќе гласа за кандидатот и победникот ќе биде соопштен во неделата по 22 јули.
Трката за лидер следуваше по оставката на Тереза Меј на 7 јуни, дадена поради континуираниот неуспех во обезбедувањето доволен број гласови за нејзиниот Договор за Брегзит во Долниот дом на британскиот Парламент.