Hasan Esen
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ЛОНДОН (АА) - Во Велика Британија во последните 24 часа починаа уште 980 лицa поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 8.958 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација ја потврди министерот за здравство на оваа земја, Мет Ханкук, на дневната прес-конференција, кој нагласи дека во последните 24 часа починале уште 980 лица како последица на оваа зараза.
Според него, со ова, вкупниот број на починати поради Ковид-19 ширум Велика Британија се зголеми на 8.958 лица.
Ханкук нагласи дека бројот на лица кои се лекуваат во болници се искачи од 16.784 на 19.304 лица.
Тој порача да не се излегува од дома поради превентива.