Ekipa
18 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
ТОКИО (АА) - Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, изјави дека е време Северна Кореја да преземе конкретни чекори кон елиминација на нуклеарното вооружување, пренесува Anadolu Agency (AA).
Хант денес во Токио изјави дека дијалогот помогнал во подобрување на атмосферата, но дека сега е време за конкретни дејства.
Британскиот министер говореше кога јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин пристигна во посета на Пјонгјанг, каде што ќе се состане со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за да се обиде да ги ревитализира разговорите со САД за денуклеаризацијата.
Хант нагласи дека Велика Британија е подготвена да ги ублажи економските санкции кон Северна Кореја кога ќе постојат конкретни докази за промени од севернокорејската страна.
Тој пристигна во Токио за со јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коном да има „стратешки дијалог“.