Muhammed Emin Canik
08 Август 2019•Ажурирај: 09 Август 2019
БУЕНОС АИРЕС (AA) - Владата на Венецуела соопшти дека нема да учествува на преговорите со опозицијата организирани во Барбадос, пренесува Anadolu Agency (AA).
Потпретседателот на Венецуела, а воедно и главниот владин преговарач Хорхе Родригез, преку социјалните мрежи соопшти дека Владата на неговата земја нема да учествува на преговорите организирани за 8 и 9 август во Барбадос, бидејќи претседателот на Националното собрание на Венецуела, Хуан Гваидо, кој се прогласи за привремен претседател на државата, ги поддржува санкциите на САД.
„Претседателот на државата, Николас Мадуро, донесе одлука владината делегација да не ја испрати во Барбадос поради сериозните, острите и итрите напади кои администрацијата на Трамп постојано ги врши против Венецуела, кои содржат илегално блокирање на нашите економски, трговски и финансиски активности“, се вели во соопштението објавено на социјалните мрежи од страна на Родригез.
Се укажува и на тоа дека Гваидо ги поддржува санкциите на САД.
„Ние како Венецуелци чувствувавме длабок бес бидејќи лидерот на опозициската делегација, Хуан Гваидо, го поттикнува и поддржува овие штетни акти против сувереноста на нашата земја. Затоа, донесовме одлука да не учествуваме на преговорите, планирани да се одржат на 8 и 9 август.“
Инаку, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша претседателски указ за замрзнување на целиот имот на Венецуела во САД.
Во указот насловен „Замрзнување на имотот на Венецуела“ се вели: „Целиот имот на Венецуела во Соединетите Американски Држави е замрзнат, тој не може да се трансферира, извезува, повлекува или [со него да се] тргува.“