Safvan Allahverdi
08 Август 2019•Ажурирај: 08 Август 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт департмент одобри продажба на американско воено оружје на Јужна Кореја во вредност од 800 милиони долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Агенцијата за соработка во областа на одбраната која се наоѓа во рамките на Министерството за одбрана на САД (Пентагон) се истакнува дека барањето за набавка на 12 повеќенаменски поморски хеликоптери од типот „MH-60R“ и опрема е прифатено од Министерството за одбрана и е испратено до Конгресот за одобрување.
Покрај тоа, по барањата на Јужна Кореја одобрена е и продажбата на 13 воени радари, 25 хеликоптерски мотори од типот „T-700-G“‘, 1.000 системи за пронаоѓање, голем број различна комуникациска опрема, системи за скенирање и резервни делови.
Во соопштението во кое Јужна Кореја се дефинира како една од најважните сојузници во Азија се истакнува дека воената продажба е одобрена во рамките на американската национална надворешна безбедност и политичките интереси.
„Продажбата ќе ја зголеми можноста на Кореја да изврши површни и подморнички воени мисии“, се вели во соопштението и се додава: „Република Јужна Кореја, една од најголемите политички и економски сили во Источна Азија и Западен Пацифик е најзначаен сојузник на Соединетите Американски Држави, која придонесува за стабилноста и мирот во регионот. Да се помогне во тоа Кореја да има силна и подготвена одбрана е од витално значење за националните интереси на САД.“