Michael Hernandez
01 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) го ставија на црна листа и го санкционираа венецуелскиот претседател, Николас Мадуро, поради кршење на демократскиот и уставен поредок во Венецуела, кога официјален Вашингтон ја оцени актуелната политичка криза во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Венецуелскиот претседател Мадуро вчера одржа избори за националното Уставотворно собрание, што е причина за повеќенеделните масовни протести во Венецуела, бидејќи опозицијата тврди дека режимот на Мадуро сака да го заобиколи парламентот во процесот на составување на новиот устав. Мнозинството во парламентот го има опозицијата.
Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин, изјави дека вчерашните избори во Венецуела се доказ дека Мадуро е диктатор кој ја гази волјата на својот народ.
„Со санкционирање на Мадуро, САД покажа јасен став против диктатурата и изрази поддршка на народот на Венецуела која сака во земјата да се воспостави владеењето на правото и демократијата”, порача Мнучин.