Büşra Selvi Öğütcen
04 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ПЕКИНГ
Во кинеската провинција Џилин, сместена во североисточниот дел на земјата, се случи верижна сообраќајна несреќа во која животот го загубија 18 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Претставниците на полицијата на Џилин соопштија дека во градот Фују лесно транспортно возило од позади удрило во еден трактор.
Властите информираа дека лесното возило по судирот преминало во спротивната лента, удирајќи во друго возило што доаѓало од спротивниот правец. На самото место на несреќата животот го загубиле 8 лица, додека уште 10 лица починале во болницата во која биле префрлени, а во тек е лекарски третман на едно повредено лице.
Официјалните претставници соопштија дека е отворена истрага во врска со несреќата.