Aşkın Kıyağan
12 Октомври 2018•Ажурирај: 13 Октомври 2018
ВИЕНА (АА) - Илјадници лица излегоа на улиците на Виена во знак на протест против расизмот и дискриминирачката политика на екстремно десничарската Влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 10.000 демонстранти се собраа пред зградата на Градската управа на Виена. Носеа транспаренти: „Слободен печат“, „Не за нацизмот“ и „Заедно сме посилни“.
За време на протестите се преземени опсежни безбедносни мерки, а демонстрантите затворија и некои улици во градот. По пет километри пешачење дојдоа до Градската библитека. На собирот се обратија голем број новинари, уметници и писатели.
Познатата новинарка Изолда Карим во обраќањето изјави дека се придружила на протестот за да покаже дека е против Владата која ги напаѓа основните права, како што е слободата на медиумите.
Го критикуваше министерот за внатрешни работи, Херберт Кицкл, кој сакаше да формира медиум во состав на Министерството.
Карим истакна дека е потребно да се контролира екстремно десничарската Влада, а не медиумите.
Барбара Фришмут порача дека нема да гледаат како се уништува нивната слобода и социјалната правда.