03 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
БЕРЛИН (АА) - Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро го критикуваше клубот на Европските народни партии во Европскиот парламент и ги нарече идиоти, пренесува Anarolu Agency (AA).
Народните партии во Европскиот парламент неодамна побараа, Фидес, партијата на унгарскиот премиер Орбан, да биде исфрлена од Парламентот поради спорниот постер на бизнисменот Џорџ Сорос и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер. Кампањата на унгарската Влада е обвинета за антисемитски нијанси.
Шефот на унгарската Влада, популистот Орбан, денеска за германскиот весник „Велт“ („Welt“) ги отфрли сите обвинувања на сметка на неговата Влада и партија.
„Унгарците тие постери не ги сметаат за антисемитски. Јас не можам да сторам ништо за фактот дека Унгарецот Џорџ Сорос по потекло е Евреин“, рече Орбан.
Орбан истакна дека народните партии од Европскиот парламент, со повиците за исфрлање на неговата партија, само им дуваат во едрата на левичарските политички партии.
„Оние кои повикуваат на исфрлање на Фидес, се, според речникот на Ленин, потполно корисни идиоти. Веруваат дека водат духовна борба, а всушност, им служат на други интереси, односно на интересите на нашите опоненти“, порача Орбан.