Sayed Khodaberdi Sadat
03 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
КАБУЛ (АА) - Во поплавите што ја зафатија авганистанската покраина Кандахар, во јужниот дел на земјата, досега животот го загубија 20 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Канцеларијата за координација на хуманитарна помош на Обединетите нации се вели дека интензивните врнежи од дожд, кои го зафатија подрачјето во последните денови, предизвикаа поплави во кои се уништени над 2.000 куќи.
Се наведува дека поради поплавите во местото Аргандаб во покраината Кандахар, околу 500 семејства се во исчекување на помош за евакуација, и се додава дека е потребна брза интервенција на загрозените.
Според последните информации, досега во поплавите животот го загубиле 20 лица.