Şeyma Uzundere
23 Јули 2022•Ажурирај: 27 Јули 2022
ЊУЈОРК (АА) - Вирусот на мајмунски сипаници продолжува да се шири низ светот, а во Соединетите Американски Држави (САД) е потврден првиот случај на сипаниците кај деца, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на американскиот Центар за превенција и контрола на болести се наведува дека еден од случаите е пријавен во Калифорнија, а другиот во Вашингтон.
Заразените деца се чувствуваат добро, а надлежните наведоа дека истражуваат на кој начин се заразиле децата.
Во САД, вирусот на мајмунски сипаници е регистриран кај повеќе од 2.800 луѓе, од кои досега најмалку осум се жени.