Во 93 земји спроведена голема акција против трговијата со диви животни
Според Интерпол, извршени биле 1.994 заплени и тоа: 43 тони диви месо (мечки, слонови, крокодил, китови и зебри), 1,3 тони слонова коска, 27.000 влекачи, речиси 4.000 птици, 48 живи примати...Ekipa
20 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
ПАРИЗ (АА) - Меѓународната полициска агенција, Интерпол, соопшти дека големата операција против шверцот со дивеч, спроведена низ целиот свет, резултираше со заплена во вредност од милиони долари и идентификација на 1.400 осомничени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението се наведува дека 93 земји учествувале во едномесечната операција во мај.
Според Интерпол, извршени биле 1.994 заплени и тоа: 43 тони диви месо (мечки, слонови, крокодил, китови и зебри), потоа 1,3 тони слонова коска, 27.000 влекачи, речиси 4.000 птици, 48 живи примати, 14 диви мачки и трупови на седум мечки.