Zehra Ulucak
20 Јуни 2018•Ажурирај: 20 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, упати благодарност до претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, за неговата поддршка за средбата со американскиот претседател, Доналд Трамп, во Сингапур, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на новинската агенција „Јонхап“ (Yonhap) врз основа на севернокорејската новинска агенција (KCNA), Ким кој оствари посета на Кина, упати благодарност до Си кој за време на вчерашната средба дал поддршка за посветеноста на Северна Кореја за денуклеаризација на земјата, и ветил дека ќе игра конструктивна улога во овој процес.
Ким, исто така, упати благодарност до администрацијата на Пекинг поради нејзината поддршка за самитот меѓу Ким и Трамп во Сингапур. Тој вети дека ќе ги зајакнува билатералните односи, и ќе ги унапредува пријателските односи со Кина.
Ким истакна дека Северна Кореја ќе биде во блиска соработка со Кина во процесот на отворање нова страница во Корејскиот Полуостров и во регионот.
Ким реализираше дводневна посета на Кина, каде што вчера оствари средба со претседателот на Кина, Си Ѓинпинг, со кого разговараше за самитот со Трамп во Сингапур.