Sayed Khodaiberdi Sadat
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
КАБУЛ
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) на Министерството за здравство на Авганистан му достави медицинска опрема за да ѝ помогне на таа земја во борбата против ширењето на коронавирусот (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Претставништвото на ТИКА во Кабул пратката со медицинска опрема ја врачи на авганистанските функционери на церемонијата одржана во зградата на Министерството за здравство на Авганистан.
Вахид Маџрух, заменик министер за здравство на Авганистан, изрази благодарност за Турција и нејзиниот народ што и во овие тешки денови не ги оставиле сами Авганистан и авганистанскиот народ.
Зухту Џал, координатор на ТИКА во Кабул,рече дека со оваа пратка сакаат да им помогнат на властите на Авганистан во напорите кои ги прават за да го спречат ширењето на коронавирусот.
Пратката со медицинска опрема, меѓу останатото ја сочинуваат и респиратори, монитори за следење на пациентите и термометри.
Џал истакна дека ТИКА и во наредниот период како и досега ќе продолжи да му пружа помош на Авганистан во бројни области.