Islam Doğru
14 Мај 2020•Ажурирај: 15 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.777 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 85.268 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија, додека секој ден се повеќе се влошува билансот на починатите и откриените случаи во земјата.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 21.918 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи се зголеми на 1.432.086.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 1.777 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 85.268.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 272.646 откриени случаи, Италија со 252.245 откриени случаи и Русија со 233.151 откриен случај.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Илионис.
Во Њујорк откриени се 350.848 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 27.290 лица.
Во САД досега се извршени nad 10 милиони 287 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус се искачи на 310.383.