Recep Şakar
20 Ноември 2021•Ажурирај: 21 Ноември 2021
МЕЛБУРН
Во Австралија протести одржаа противниците на вакцинацијата против Ковид-19 и спротивставените групи кои тврдат дека антиваксерите се под контрола на екстремната десница, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестите се одржаа во Мелбурн, Сиднеј, Бризбејн, Перт, Аделаида и Хобарт, а учествуваа неколку илјади луѓе. Групите што се спротивставија на ограничувањата воведени со цел спречување на ширењето на заразата и вакцинацијата, бараа слобода, додека нивните неистомисленици „се спротивставија на расизмот“.
Преземени се големи мерки за безбедност, а полицијата го спречи контактот на двете групи.
На протестите во Мелбурн, кој под целосен карантин во шест наврати помина вкупно 267 дена, двете групи имаат голем број учесници.
Властите во северна Викторија подготвија документ со кој се предвидува одлуките во врска со воведувањето ограничување на движењето и останување дома кога се во прашање идните можни заразни болести, од сојузниот потсекретар за здравство да бидат префрлени на министерот за здравство и на премиерот.
Опозиционите партии и групите што ги поддржуваат сметаат дека нацртот е „удар на слободата во сојузната држава“ и бараат повлекување на нацртот што е пред Парламентот.
На протестите во Мелбурн антиваксерите извикуваа слогани против премиерот на сојузната држава Викторија, Даниел Ендрјус, и бараа негова смена.
„Овде сме за ја спасиме Викторија од Даниел Ендрјус“, рече демонстрантот Дасти Стар.
На протестите беше и Синем Озеркен, која кажа дека тоа е само поради слободата.
„Поради иднината на децата се спротивставувам на присилната вакцинација и сево ова“, рече таа.
Во Австралија со две дози вакцина се вакцинирани 83,2 проценти од населението постаро од 16 година, односно 90,2 проценти се вакцинирани со една доза.
Од 25 јануари 2020 година во Австралија се потврдени 196.966 случаи на зараза, а починаа 1.938 заразени.