Ayşe Doğru
01 Февруари 2022•Ажурирај: 03 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Светската метеоролошка организација (WMO) забележа два удари на молња со рекордна јачина во Северна и Јужна Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Си-ен-ен“ (CNN), известувачот на Светската метеоролошка организација (WMO) за временска прогноза и клима, Рендал Червени, истакна дека е забележана најголемата молња по должина во Северна Америка и најдолгата молња по времетраење во Јужна Америка.
Червени рече дека молњата, дефинирана како „мега молња“, треба да надмине должина од 100 километри на хоризонтално растојание.
Мега молњата снимена од сателитот „Goes-16“ на Националната управа за океани и атмосфера на 29 април зафатила растојание од 768 километри од Тексас до Луизијана.
Истакнувајќи дека најдолгата молња по времетраење била откриена од истиот сателит на 31 октомври 2018 година, за време на бура со грмотевици на северот на Уругвај и Парагвај во Јужна Америка, рече дека молњата траела 17,102 секунди.
Времетраењето и големината на молњите претходно беа документирани со мрежите „Lightning Mapping Order“ (LMA), но научниците сфатија дека оваа технологија може да детектира молња до одредена големина и почнаа да користат „Geostatic Orbital Lightning Mappers“ (GLM) на сателити кои орбитираат околу Земјата.