Sayed Khodaberdi Sadat
03 Јуни 2017•Ажурирај: 04 Јуни 2017
КАБУЛ (АА) - Во Кабул, главниот град на Авганистан изведен е бомбашки напад во кој животот го загубија 18 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници соопштија дека за време на погребната церемонија на синот на Алем Изедјар, заменик-претседател на авганистанскиот Сенат, експлодираа три бомби.
Експлозијата на бомбите предизвика смрт на 18 лица, а повредени се 87.
Според очевидците, за време на погребната церемонија се случила експлозија, по која следеле два напади на бомбаши-самоубијци.
Се дознава дека на погребната церемонија учествувале Абдулах Абдулах, претседателот на Извршниот одбор на Авганистан, Селахадин Рабани, министер за надворешни работи на Авганистан и други високи државни претставници.
Сѐ уште никој не ја преземал одговорноста за нападот.
Салем Изедјар почина за време на протестот во Кабул, откако безбедносните сили отвориле оган.
Во текот на изминатата недела во Кабул, во подрачјето на Везир Екбер Хан во кое се наоѓаат и дипломатски претставништва, беше изведен бомбашки напад во кој животот го загубија 90 лица, а 461 беа повредено.