Bilal Acar
14 Јануари 2021•Ажурирај: 15 Јануари 2021
ЛОНДОН
Во Велика Британија 4.460.000 луѓе чекаат лекарски третман во болниците, што е највисокото ниво од 2007 година навака, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена служба (NHS) објави извештај за бројот на луѓе кои чекаат да се лекуваат во болниците во периодот од ноември 2019 до ноември 2020 година.
Според овој извештај, бројот на оние кои чекаат лекарски третман во болниците изнесува 4.460.000, што е најголемиот број на „пациенти на чекање“ забележан од 2007 година досега.
Во Велика Британија, бројот на примени пациенти во одделите за итни случаи се намали за 32 проценти, во споредба со претходната година и изнесува 1.500.000.
Во извештајот се наведува дека ова намалување се должи на реакцијата на луѓето против пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19).
Според податоците на Националната здравствена служба (NHS), во една од секои 5 големи болници нема слободни легла за возрасни во одделите за интензивна нега.
- Одделите за интензивна нега во болниците се повеќе се изложени на ризик
Во Велика Британија по појавата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) кој брзо се рашири, почнаа да се регистрира зголемување на бројката на новозаразени и на смртни случаи.
Вчера во земјата починаа 1.564 лица од последици предизвикани од Ковид-19, а детектирани се 47.525 нови случаи на зараза.
Британскиот премиер Борис Џонсон истакна дека болниците и одделенијата за интензивна нега се изложени на поголем ризик од кога било досега поради епидемијата „Ковид-19“.