Hasan Esen
15 Јуни 2020•Ажурирај: 17 Јуни 2020
ЛОНДОН (АА) - Воен авион од типот „F-15C“ на Воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (САД) се сруши за време на лет за обука во Велика Британија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Воздухопловните сили на САД од базата „Лејкенхит“, воен авион од типот „F-15C“ се срушил во 9:40 часот по локално време во Северното Море.
Се вели дека авионот полетал од базата „Лејкенхит“ и дека бил на лет за обука.
Исто така, во соопштението се нагласува дека не се знае причината за настанатата несреќа и дека нема информации околу состојбата на пилотот.
Побарана е поддршка од британските тимови за пребарување и спасување.