Zehra Nur Düz
05 Март 2020•Ажурирај: 06 Март 2020
ИДЛИБ (АА) - Русија изврши воздушни напади во деескалациската зона во Идлиб, убивајќи најмалку 16 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Припадниците на цивилната заштита („Бели шлемови“) соопштија дека 16 цивили загинале, а 18 биле повредени во нападите.
Сириската опозициска опсерваторија за воздушен простор соопшти дека руските авиони ги имале за цел цивилите што се засолниле на една фарма во Маарат Мисрин, град во Идлиб.
Напорите за пребарување и спасување во областа се во тек.
Режимот на Башар ал Асад и неговите сојузници извршуваат интензивни воздушни и копнени напади врз населените области во деескалациската зона во Идлиб.
Во септември 2018 година, Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во деескалациска зона во која актите на агресија се строго забранети.
Но оттогаш, во нападите на режимот и режимските сили, коишто го прекршија прекинот на огнот, загинаа повеќе од 1.800 цивили од 2018 година и во новиот напад, што започна на 12 јануари.
Повеќе од 1,7 милиони Сиријци се преселија во близина на турската граница поради интензивните напади во текот на изминатата година.
Турција останува земја со најмногу бегалци во светот, а од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, таа е домаќин на повеќе од 3,7 милиони Сиријци.