Mehmet Yılmaz
08 Април 2018•Ажурирај: 09 Април 2018
БУДИМПЕШТА (АА) - Унгарците покажаа голем интерес за парламентарните избори одржани денес. Податоците од Националната изборна комисија на Унгарија (NVI), објавени во 18.30 часот, покажуваат дека одзивот на гласачите бил 68 отсто, што е за осум отсто повеќе во однос на изборите од 2014 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од пет милиони Унгарци ја извршија граѓанска должност и гласаа за нов состав на Парламентот, кој вкупно брои 199 пратенички места.

Гласачките места отворени во 6 часот, беа затворени во 19 часот.
Избирачите беа во можност да избираат помеѓу 23 партии и 1.500 регионални кандидати.

Резултатите од последните анкети на јавното мислење најавуваат дека актуелната владејачка коалиција Фидес и Демократската народна партија би требало да победат со вкупно 45 отсто од гласовите.

Партијата Јобик, која беше трета во 2014 година, овој пат би можела да освои 20 отсто од гласовите и да стане главна опозициска партија. Опозициската Социјалистичка партија (MSZP) може да освои околу 15 отсто од гласовите, а на четврто место со осум отсто од гласовите може да се најде Демократската коалиција (DK), додека на петтото место со седум отсто би можелa да се најде Партијата на Зелените.