Ekip
08 Мај 2019•Ажурирај: 09 Мај 2019
КАБУЛ (АА) - Две силни експлозии одекнаа денес во главниот град на Авганистан, Кабул, а цел на еден од нападите беше и седиштето на меѓународната организација „Counterpart“, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на полицијата, Нусрат Рахими, за АА изјави дека средиште на бомбашките напади било кабулското предградие Шахр е-Нау, во кое се наоѓаат голем број деловни субјекти, вклучувајќи и фреквентни угостителски објекти.
Истиот извор изјави дека напаѓачите го извршиле бомбашкиот напад пред организацијата „Counterpart“, а дека повеќе вооружени напаѓачи потоа влегле во објектот и отвориле оган.
На местото на нападот пристигнаа голем број полициски сили и во тек е размена на оган со напаѓачите.
Од Министерството за здравство е соопштено дека во нападот се ранети најмалку девет лица.
Одговорност за нападот презеде талибанската милитантна организација, која го одби повикот на властите од Кабул за воспоставување примирје за време на Рамазан.