Büşra Selvi Öğütcen
01 Април 2017•Ажурирај: 01 Април 2017
АРУ (АА) - Во Демократска Rепублика Конго пронајдени se 23 масовни гробници, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на канцеларијата на Обединетите нации за човекови права во земјата, Хозе Мариа Араназ, ги информираше локалните медиуми дека во подрачјето на Касаи пронајдени се масовни гробници.
Араназ изјави дека во градовите Нкото, Кабеја, Нуема и Тшимбулу пронајдени се 23 масовни гробници и додаде дека овие информации ќе ги сподели со високите претставници на државата.
„Ситуацијата е навистина загрижувачка. Потребно е да се обелодени. Потребно е одговорните за извршените убиства да се изведат пред лицето на правдата. Загрижени сме”, изјави Араназ, истакнувајќи дека за да може виновниците да се изведат пред лицето на правдата, во рамките на истрагата, потребно е Африканската унија и останатите меѓународни организации да ѝ се приклучат на владата во Киншаса.
Членовите на групата Камуина Нсапу, како освета поради убиството на нивниот водач од страна на полицијата во август минатата година, повремено изведуваат напади во централниот дел на земјата. Вооружената група, која за цел ги има јавните институции во Касаи, се смета одговорна за смртта на десетици лица во подрачјето.