Cansu Dikme
07 Јуни 2017•Ажурирај: 07 Јуни 2017
МУГЛА (АА) - Турската полиција денес oбјави информации за операцијата за борба против наркотиците, која резултираше со запленување на повеќе од еден тон хероин на брод надвор од Суецкиот канал минатата недела, јавува Anadolu Agency (AA).
Службениците на крајбрежната стража ја започнаа оваа операција на 2 јуни, откако влегоа во трага на голема трговија со дрога во Медитеранот, која за цел ја има турската територија, велат полициски претставници за Anadolu Agency.
На видеоснимката од операцијата, која беше споделена со медиумите, се гледаат специјалните оперативни единици на морнарицата коишто со бродови се приближуваат до „Commander Tide“ – кој плови под знамето на Конго – и го неутрализираа нејзиниот екипаж пред службениците на крајбрежната стража да се спуштат од воен хеликоптер со службеници од К-9 за да извршат претрес на бродот.
Службениците на морнарицата уапсија деветмина турски државјани и пронајдоа 1.071 килограм хероин во десетици вреќи складирани во скриени прегради на бродот, изјави официјалниот претставник под услов да остане анонимен.