Islam Uddin
11 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку пет лица загинаа, а седум се повредени денес во самоубиствен бомбашки напад во Северен Авганистан, јавуваат локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Џумадин Хаксар, портпарол на Покраинскиот штаб за безбедност, ја потврди експлозијата што се случи пред банката Кабул во северната покраина Кундуз, каде што локалните вработени се собрале да ги подигнат платите, објави „Толо њуз“.
Хаксар рече дека се работи за самоубиствен напад и цел биле цивили и војници на привремената талибанска администрација на Авганистан.
Засега ниедна милитантна група не ја презеде одговорноста за нападот.