Michael Gabriel Hernandez
11 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
ВАШИНГТОН (АА) - Технолошкиот гигант Гугл официјално го смени името на Мексиканскиот Залив во Американски Залив на својата апликација „Мапс“, следејќи ја одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу.
Компанијата објави дека во рамките на САД се придржува до Географскиот систем за имиња на Геолошкиот институт на САД, кој формално ја усвои промената на името предложена од Трамп.
Корисниците во САД сега го гледаат новото име Американски Залив, а оние во Мексико продолжуваат да го гледаат оригиналното име. Корисниците надвор од двете држави ќе го гледаат оригиналното име, при што новото име ќе биде во загради.
Епл мапс, од друга страна, сè уште го користи оригиналното име.
Меѓу многубројните извршни наредби што ги издаде Трамп беше да се смени и името на Мексиканскиот Залив.
Исто така, со оваа наредба се враќа старото име на планината Денали на Алјаска, позната како највисок врв во Северна Америка, која повторно ќе се нарекува Планина Мекинли.