Şerife Çetin
05 Март 2019•Ажурирај: 06 Март 2019
БРИСЕЛ (АА) - Во Европската Унија (ЕУ), 39 отсто од вработените своите работни задачи ги извршуваат седејќи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европскиот завод за статистика (Еуростат) ги објави податоците за 2017 година во која граѓаните на ЕУ своите работни задачи ги извршуваат во седечка положба.
Според овие податоци, 39 отсто од работниците во ЕУ работат во канцеларија или седејќи во возила, а 30 отсто на места каде што е потребна мала физичка сила. Од граѓаните на ЕУ, вклучувајќи ги наставниците и продавачите, 20 отсто работат на нозе, додека 11 отсто од граѓаните работат на места каде што е потребна голема физичка сила, како што се градежништво, товарење и копање.
- Најмногу седат Холанѓаните и Германците
Холандија (55 отсто), Германија (54 отсто) и Луксембург (52 отсто) се земјите членки на ЕУ каде што стапката на работење со седење е највисока.
Шпанија (43 отсто) и Романија (36 отсто) се истакнуваат како земји со најголем процент каде што вработените работат стоејќи. Грција (22 отсто) и Полска (16 отсто) се земјите со најголем процент каде што при работата е потребна голема физичка сила.