Hussein Mahmoud Ragab Elkabany,Zeynep Hilal Karyağdı
05 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
РИЈАД (АА) - Кралот на Саудиска Арабија, Селман бин Абдулазиз, го прими на средба министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на саудиската официјална новинска агенција СПА, кралот Селман во палатата Јемаме во Ријад оствари средба со шефот на руската дипломатија, Лавров, кој се наоѓа во посета на Саудиска Арабија.
Во веста се вели дека на средбата е разговарано за билатералните односи, начините за развивање на соработката, како и за регионалните и меѓународните настани.
На средбата биле присутни и саудискиот државен министер задолжен за надворешни односи, Адил ел-Џубејр, како и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Ибрахим ел Асаф.
Лавров вчера пристигна во Саудиска Арабија, која е втора станица по Катар во рамки на неговата турнеја на Заливот.