Gülşen Çağatay
27 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Кумулативен капацитет за ветерна енергија од 323 гигавати (GW) би можел да биде инсталиран во ЕУ до 2030, 253 GW од ветерници на копно и 70 GW од ветерници на море, според централниот план за ветерна енергија на „WindEurope“ (ВиндЕвропа) во Европа, според минатонеделниот извештај за планот за 2030 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Извештајот ги нагласува социјалните и економските влијанија на трите можни проекции за инсталации на капацитет за ветерна енергија во 2030 година – ниско, средно и високо.
Во извештајот се нагласува дека според централните проекции, енергијата на ветерот би можела да произведе 888 терават-часови електрична енергија, што е еквивалентно на 30 отсто од побарувачката за енергија на ЕУ.
Во помалку оптимистичните проекции, предвидено е 256,4 GW капацитет на ветерот до 2030 година, 207 GW на копно и 49 GW на море, со што ќе произведува 21,6 отсто од побарувачката за енергија на ЕУ до 2030 година.
Според пооптимистичките проекции, кои претпоставуваат поволни услови на пазарот и во политиката, вклучувајќи го и постигнувањето на целта за обновлива енергија од ЕУ од 35 отсто, се предвидува дека во ЕУ ќе се инсталира 397 GW од капацитетот на ветерната енергија до 2030 – 298,5 GW на копно и 99 GW на море.
Ова ќе биде 23 отсто повеќе капацитет отколку во централните проекции и два и пол пати поголем капацитет отколку што моментално е инсталиран во ЕУ.
Врз основа на централните проекции, износот од 323 GW би бил повеќе од двојно поголем од капацитетот инсталиран на крајот од 2016 година [160 GW], се вели во извештајот.
Покрај тоа, индустријата за ветерна енергија ќе инвестира 239 милијарди евра до 2030 година и ќе обезбеди вработување на 569.000 луѓе.