?kipa
27 Септември 2017•Ажурирај: 28 Септември 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот суд го осуди истакнатиот лидер на кримските Татари на две години затвор поради повикот на сепаратизам, пренесува Anadolu Agency (AA).
Откако Русија изврши анексија на украинскиот полуостров Крим, беше донесен закон според кој за незаконско е прокласено поставувањето прашања или оспорувањето на анексијата.
Вчера, судот на Крим го осуди на две години затвор Илми Умеров, поранешен заменик-претседател на Меџлисот, тело што ги претставуваше кримските Татари, поради коментарот за анексијата, даден на една телевизија.
Врховниот суд во Крим во април ја забрани работата на Меџлисот, прогласувајќи го за екстремистичка организација.
Адвокатите тврдат дека 60-годишниот Умеров има дијабетес и Перкинсова болест.
Според извештајот на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации, објавен оваа недела, Русија на Крим го крши меѓународното право, вклучувајќи ги наводните мачења, киднапирања и убиства.