Dildar Baykan
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
ТОКИО (АА) - Земјотрес го потресе североисточниот дел на Јапонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што ги објави Јапонската метеоролошка агенција, во североисточниот дел на земјата, на отворено море, недалеку од префектурите Ивате и Аоморо, се случи земјотрес на длабочина од 30 километри во Тихиот Океан.
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 5,9 степени.
Според првичните информации, во земјотресот нема загинати, ниту е причинета поголема материјална штета.
По земјотресот не беше дадено предупредување за појава на цунами.