Sümeyye Dilara Dinçer
21 Ноември 2022•Ажурирај: 22 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку 56 лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,6 степени што ја погоди Индонезија, пренесува Агенција Анадолија (АА)
Американскиот центар за геолошки истражувања (USGS) објави дека земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 18 километри југозападно од градот Цирањанг.
Гувернерот на Западна Јава, Ридван Камил, изјави дека најмалку 56 лица загинале, а 700 се повредени во земјотресот, се вели во соопштението на Националната агенција за управување со вонредни состојби.
Како последица на силниот земјотрес, причинета е материјална штета на многу објекти, вклучително и на болници и училишта.
Не е издадено предупредување за цунами.