Emel Öz Gözellik
13 Јуни 2018•Ажурирај: 15 Јуни 2018
КОЛКАТА (АА) - Најмалку десет лица загинаа, а повеќе беа повредени од удар на гром во индиската покраина Западен Бенгал, пренесува Anadolu Agency (AA).
Обилните монсунски дождови ги погодија западнобенгалските региони Банкура, Хугли, Бирбхум и Парагенс.
Кинеската новинска агенција „Синхуа“ јавува дека најмалку десет лица загинале, а повеќе се повредени од ударите на гром.
Улиците на главниот бенгалски град Колката останаа под вода по излевањето на реките од коритата.
Метеоролозите најавуваат продолжување на обилните дождови придружени со грмотевици.
За време на поплавите во мај и ударите од громови во Индија, животот го загубија најмалку 250 лица, а повеќе од 400 лица беа повредени.