Ali Cura
13 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека го поздравуваат самитот меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, коишто се состанаа вчера во Сингапур, пренесува Anadolu Agency (AA).
Песков соопшти дека го поздравуваат директниот дијалог меѓу Трамп и Ким. „Какви и да бидат резултатите, ваквите состаноци придонесуваат во намалување на тензиите на полуостровот, и ја оддалечуваат состојбата од онаа што беше пред неколку месеци. Тоа е пријатно“, додаде тој.
Портпаролот на Кремљ нагласи дека на самитот беше потврдено мислењето на руската страна и претседателот на Русија, Владимир Путин, кои велат дека директниот дијалог е единствениот начин за решавање на прашањето на Корејскиот Полуостров.
Песков истакна дека утре Путин ќе се сретне со Ким Јонг Нам, претседател на Високото народно собрание на Северна Кореја, кој се наоѓа во Москва за да учествува на отворањето на Светското првенство.