Aida Cako
14 Март 2025•Ажурирај: 18 Март 2025
ГУВАХАТИ (АА) - Во индискиот град Гувахати со голема еуфорија е прославен Фестивалот на боите „Холи“, кој се одржа во знак на пречекување на пролетта, јавува Анадолу.
Илјадници луѓе учествуваа во прославата, фрлајќи боја во прашок, танцувајќи и уживајќи во традиционалната музика. Атмосферата во градот беше исполнета со радост.
Овој фестивал, кој го симболизира триумфот на доброто над злото и доаѓањето на ново годишно време, е еден од најочекуваните и најраспространети празници во Индија, кој ги обединува заедниците во духот на единството и славењето.