İbrahim Hakkı Çetinkaya
06 Јануари 2021•Ажурирај: 08 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Во Индија се убива живина за да се спречи ширењето на птичјиот грип (H5N8), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на „Би-Би-Си“, откако случаи со Х5Н8 се регистрирани во пет сојузни држави во Индија издадено е предупредување за епидемија низ целата земја.
Од друга страна за да се спречи ширењето на вирусот се уништуваат голем број на диви гуски, гаврани, патки и десетици илјади живина.
Во сојузната држава Мадхја Прадеш во последните 10 дена уништени се стотици гаврани, индиски чапји и гулаби.
Во некои делови на сојузната држава забранета е продажбата на јајца.
Исто така, во државата Керала поради вирусот угинале 12.000 патки, а ќе бидат уништени повеќе од 36.000 птици.
Птичји грип е откриен кај мртви врани и други диви птици во државите Гуџарат и Раџастан.
Државните власти на Харајана претходно соопштија дека 350.000 живина угинала поради епидемијата.