Mücahit Türetken
25 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - По чекорите преземени од страна на властите во Камбоџа, локална компанија купи универзитет и четири училишта поврзани со терористичката организација ФЕТО и го промени називот на универзитетот во „International Paragon University“, јавува Anadolu Agency (AA).
Од турската Фондација „Маариф“ е соопштено дека премиерот на Камбоџа, Хун Сен, во октомври ја посетил Турција и во разговор со турскиот претседател ветил соработка во борбата против ФЕТО.
За време на посетата е потпишан договор на полето на образованието, кој стапи на сила на 11 декември.
По таа посета, Џахит Багџи, заедно со членот на Управниот одбор, Ахмет Туркбен, отпатува во Камбоџа каде што се одржани низа состаноци со локалните официјални претставници.
Багџи и Туркбен рекоа дека се одржани продуктивни состаноци со министрите за образование и надворешни работи во Камбоџа. Локалните официјални претставници предупредија на опасноста која ФЕТО ја претставува за населението и властите во Камбоџа, со потсетување дека локалните воени лица на оваа терористичка организација во јули 2016 година се обиделе да извршат државен удар во Турција.
Истакнаа дека официјалните претставници во Камбоџа сериозно ги сфатиле овие предупредувања и презеле потребни чекори во борбата против ФЕТО.
Во согласност со тоа, официјалните претставници ја известија делегацијата на „Маариф“ дека локална компанија го купила Универзитетот „Заман“, поврзан со ФЕТО и уште четири училишта кои дејствуваат во негов состав. Потоа името е променето во „International Paragon University“.
Официјалните претставници од Камбоџа појаснија дека во училиштата не се наоѓа ниту еден вработен кој е државјанин на Турција, односно дека тие ја напуштиле земјата. Додадоа дека нема да дозволат на никого да ги наруши односите меѓу Турција и Камбоџа.
Делегацијата на „Маариф“ се заблагодари за поддршката на Турција во борбата против ФЕТО.