Laura Gamba Fadul
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
БОГОТА
Најбараниот дилер на дрога во Колумбија е фатен од страна на безбедносните сили, објавија властите денес, известува Агенција Анадолија (АА).
Даиро Антонио Усага, познат како Отониел, е лидер на Заливскиот клан, група која шверцувала дрога, со „најстрашните“ шверцери на дрога во светот, според претседателот Иван Дуке.
„Ова е најсилниот удар против нелегалното пренесување дрога во овој век, во нашата држава, што може само да се спореди со падот на Пабло Ескобар во 90-тите. Алиас Отониел беше најстрашниот шверцер на дрога во светот“, рече Дуке од воздухопловната база на Толемаида во одделот Толима.
Според Дуке, Усуга убивал полицајци, војници, општествени водачи и регрутирани малолетници во Антиокија и останатите делови каде што е присутен Заливскиот клан.
„Алиас Отониел беше во најбараните картели не само поради шверцување дрога и регрутирање, туку исто така и за злоупотреба на деца. Ние ќе ги споделиме информациите со агенциите во Соединетите Американски Држави (САД) и Обединетото Кралство за да ја покажеме меѓународната опасност од овој криминалец“, рече Дуке, кој потенцираше дека операцијата „Осирис“ е забележана како „крајот на Заливскиот клан“.
„На оние што припаѓале на оваа криминална организација, пораката што им ја испраќам е јасна и силна: или веднаш ќе се предадете на правдата или целата тежина на законот ќе падне врз вас“, рече тој.
Отониел беше последниот главен наследник на криминалните паравоени групи демобилизирани за време на Владата на Алваро Урибе. Воените сили беа зад неговите петици со години. Тој не беше во состојба да спие две ноќи на една иста локација бидејќи сигурносните сили постојано го следеа.
Генералниот директор на полицијата, Џорџ Варгас, рече дека Отониел и неговиот најблизок човек страдале од глад бидејќи биле опколени во операциите за спроведување на законот.
Отониел не дозволувал на никој околу него да користи телефон и пред секој состанок инсистирал учесниците да се пресоблечат и да ја фрлат облеката, бидејќи се плашел дека е лоциран преку ГПС.
Повеќе од 500 луѓе учествуваа во операцијата „Осирис“, што започна рано во саботата и заврши во 3 попладне, кога Отониел беше фатен. Еден полицаец почина во текот на операцијата.