Adam Abu-bashal
24 Октомври 2021•Ажурирај: 25 Октомври 2021
АБУЏА
Стотици затвореници избегале откако вооружен човек го нападнал затворот во Ојо, држава во Нигерија, објавија властите денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
Оланреваџу Анџорин, претставник на поправниот центар „Ојо“ во државата Ојо, даде изјава дека 837 затвореници избегале по нападот во петокот во затворот на улицата „Аболонго“.
Тој додаде дека 262 затвореници оттогаш биле фатени, но дека 575 затвореници сè уште се исчезнати и дека се вложуваат напори за да бидат фатени.
Нападот е трет по ред оваа година во западниот дел на африканската држава. На 13 септември, 240 затвореници беа ослободени откако вооружен човек го нападнал притворот во северноцентралната држава Коги, додека на 5 април најмалку 1.800 затвореници беа ослободени во југоисточната држава Имо.