Fatma Esma Arslan
16 Јануари 2021•Ажурирај: 19 Јануари 2021
ДАКАР
Мировните сили на Обединетите нации (ОН) објавија дека еден нивен мировник загинал во терористички напад во Мали, известува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Повеќедимензионалната мисија на Обединетите нации за интегрирана стабилизација во Мали (МИНУСМА), беше наведено дека експлодирала мина поставена на патот по кој минувало возилото со мировници на ОН во подрачјето Тесалит во регионот Кидал.
Во експлозијата загинал еден мировник чија националност не се открива, а еден мировник е ранет.
На 13 јануари беше извршен напад врз мировните трупи на ОН во Мали, во кој животот го загубија 4 мировници, државјани на Брегот на Слоновата Коска.
Од 2013 година досега во Мали животот го загубија 230 припадници на МИНУСМА, за која е познато дека е мировна сила што претрпела најголем број жртви во светот.
Мировниците на МИНУСМА се нарекуваат и „сини шлемови“.