Zuhal Demirci
16 Јануари 2021•Ажурирај: 17 Јануари 2021
АНКАРА
Германскиот шеф на дипломатијата Хеико Мас на 18 јануари (понеделник) ќе ја посети Турција, известува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го објави турското Министерство за надворешни работи се вели дека германскиот Министер Мас на 18 јануари (понеделник) пристигнува во работна посета на Турција, истакнувајќи „Се предвидува дека за време на посетата, покрај билатералните и регионалните прашања, ќе се разгледаат и односите меѓу Турција и ЕУ.“