AP
18 Ноември 2017•Ажурирај: 19 Ноември 2017
ХАРАРЕ (АА) - Еуфорична маса од неколку илјади лица се собраа денес во главниот град на Зимбабве со барање за заминување на претседателот Роберт Мугабе, еден од последните ослободувачки лидери во Африка, кој речиси четири децении е на власт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во шарени групи, развеселени луѓе минуваат низ улиците на Хараре со триумфално издигнати раце. Младите лица викаат, се смеат и се прегрнуваат, додека други танцуваат на покривите од автобусите. Некои од нив носат плакати со слика на воениот командант кој претходно оваа недела го стави Мугабе во домашен притвор и на кој пишува: „Оди, оди наш генерале“. Демонстрантите им дадоа знамиња на војниците кои ги зедоа и започнаа да мавтаат со нив.
„Ова е како Божиќ “, изјави еден од демонстрантите Фред Мубај и додаде дека граѓаните на Зимбабве доволно долго страдале.
Мугабе, најстариот шеф на држава на светот, изјави дека му треба повеќе време за преговори со регионалните лидери кои бараат негово достоинствено заминување од власта.
Меѓутоа, тој е практично беспомошен и напуштен од страна на поголемиот дел од сојузниците, додека некои од нив се и уапсени. Владејачката партија му заврте грб и бара состанок на Централниот комиет овој викенд, со цел Мугабе и неговата сопруга да бидат сменети од функција. Обвинението за велепредавство е исто така една од можностите кога во вторник парламентот ќе го продолжи заседанието.
Но разиграните лица на улиците на Хараре јасно покажува дека земјата е нетрпелива по 37 години, во иднината да тргне без Мугабе.