Ekipa
31 Јули 2019•Ажурирај: 01 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) во Авганистан во изминатите 18 години изгубија 2.433 војници, пренесува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата на независната набљудувачка куќа „icasualties“, со седиште во американската сојузна држава Џорџија, објавени се податоци за периодот од 2001 до јули 2019 година.
Објавено е дека во тој период во Авганистан загинале 2.433 американски војници, а дека ранети се околу 20.000 војници.
Според податоците на „icasualties“, минатата година во Авганистан загинале 14 американски војници, а во првата половина од оваа година 16.
По 11 септември 2001 година, кога во утринските часови се случија координирани терористички напади на Ал Каеда на Њујорк и Вашингтон, во Авганистан се испратени 100.000 војници кои делуваа во рамките на „меѓународните коалициски сили“. Меѓу нив 70.000 беа американски војници.